Левица: На наша иницијатива ќе се намалат патарините
Пратениците од Левица повторно први излегоа во пресрет на граѓаните во овој период на економска криза и поднесоа предлог на закон со кој ќе се намалат патарините за 50%. Со истиот, се предвидува висината на износот за патарините и уредувањето на начинот на наплата на истата да мора да ги помине собраниските филтри, наместо досегашното решение истите да се во надлежност на Владата.
Повторно, како и во случајот со зголемувањето на минималната плата, пратениците од Левица се покажаа како иницијатори на целиот процес за намалување на патарините, бидејќи по поднесувањето на овој предлог, од Владата и министерот Бочварски известија дека е потребно да се преземат чекори во тој правец.
Доколку пратениците од Левица не ја иницираа оваа постапка, за намалување на износот на патарините, ќе останеше само да се зборува во медиумите, без преземање на конкретни дејствија во таа насока.
Со ова, уште еднаш се докажа дека Левица е единствена политичка сила во државата која интересите на народ ги става пред интересите на елитите, намалувајќи ја класната поделба и овозможувајќи практицирање и уживање на придобивките од демократијата не само по форма, туку и суштински за сите.
Политичка партија ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
-

Синдикатот на градежници бара инспекциски надзори пред трагедија, а не откако ќе загине работник
-

Кој се е инволвиран во илегалниот увоз на ботокси и филери?
-

Подготвително рочиште за деветтемина полицајци обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс”
