Левица е против промена на уставното име

Политичката партија Левица го осудува недостоинственото однесување на актуелниот премиер Зоран Заев и полтронскиот однос на владејачката коалиција предводена од СДСМ со прифаќање на името „Република Илинденска Македонија“ за севкупна употреба.
Левица се залага за итен и безусловен прекин на преговорите за името и отпочнување на меѓународно-правна процедура, преку Генералното собрание на Обединетите нации, за полноправно членство на Македонија под нејзиното уставно име.
Во нашата историја познати се многу дипломатски гафови: намигнување, признавање на држава која не постои, врачување на акредитиви на претседател што цел свет го бојкотира - но, неодамнешниот, со предлог-придавката „Илинденска“ е меѓу подобрите гафови што долго ќе се паметат и прераскажуваат.
Наместо решавање на критичните проблеми - сиромаштијата, здравството, образованието и судството - јавното мислење, преку аматерски и избрзани изјави на нашите самонаречени лидери, се штима да прифати губитнички позиции за името на Републиката.
Левица е за постигнување на сериозен билатерален inter partes договор со Грција, врз основа на почитување на правото на самоопределување! Во случај на иден референдум на државно ниво, Левица ќе ја предводи кампањата против промена на името.
Ново на Сител
-

Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа
-

Честитка за Денот на Европа од претседателот на Собранието Гаши
-

Меси за Роналдо: Имавме големо спортско ривалство
-

Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот
-

Мицкоски по повод 9 Мај: Не смееме да дозволиме подвигот на загинатите борци да биде заборавен или релативизиран
-

Единаесет години од „Диво насеље“- Куманово се сеќава на загинатите херои
-

Најмногу дожд во Претор
-

Трамп изјави дека сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина
