Македонија
30. August 2026 - 19:59

Летните сцени ја збогатуваат понудата

Летните сцени и новите културни содржини  ја збогатуваат понудата во Охрид, претворајќи го градот во главен музички и културен центар во текот на летната сезона. Дел од бројните настани се организираат на автентични локации, со што дополнително се нагласува нивната симболика и значење.

Охрид е жива сцена насекаде а овој период актулени се и улучните музичари кои ја секоја уличка ја претвараат во театар на отворено за кои општината во иднина ќе создаде посебна програма.

Инаку општина Охрид преку програмата за култура и годинава посебен акцент става на оние традиционални манифестации коишто се одржуваат години наназад, но и воведува нови содржини коишто во иднина треба да ја збогатат туристичката, односно културната понуда на градот.

Со поддршка на општина Охрид реализирани се преку 350 настани.