-->
-->
ЛЕ:Шкендија е поквалитетна од Нефчи
-->

Единствениот македонски претставник во Лига Европа, Шкендија според прикажаната игра на првата средба во Баку потврди дека е подобар тим од Нефчи но тоа треба да се потврди во реваншот со постигнат најмалку еден гол.
Средбата која се игра в четврток на Филип Втори со почеток во 20 часот стартува со резултат 0-0 за обете екипи. Предност или ризик за тетовчани кои посакуваат нов успех и пласман во 3. Квалификациско коло. Тренерот на екипата Бруно Акраповиќ ја најавува најдобрата игра на неговиот тим досега:
„ Сите очекуваме дека утре ќе се прикажеме во нашето препознатливо светло и дека ќе играме напаѓачки. На првиот меч покажавме дека сме подобар тим од Нефчи, но утре треба тоа да го демонстрираме и да постинеме погодок. Се надевам дека ќе не видите во најдоброто издание и дека ќе се пласираме во наредната рунда натпревари. Нема што многу да менуваме од првиот меч, потребно е само да бидеме добри во реализацијата, – истакна Акраповиќ на денешната прес конференција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
