Леброн со првиот „трипл-дабл“ за Лејкерси

Леброн Џејмс го забележа својот прв „трипл-дабл“ во дресот на Лос Анџелес Лејкерс во НБА. Ѕвездата заврши со 28 поени, 11 скока и 11 асистенции за победа на Лејкерси од 121:114 против Денвер.
Домаќините постигнаа серија од 19:4 во финалниот период од натпреварот. Кајл Кузма заврши со 22 поени, додека неговиот колега, Џавеил Мекги, постигна 21 поен за победниците. Мекги завршува со над 20 поена во два последователни натпревара во НБА првпат по 2012 година, кога го носеше дресот на Вашингтон.
Ова е втор успех за Лос Анџелес во новата сезона и деби победа пред сопствената публика. Николас Јокиќ постигна 24 поени и 11 скокови за Денвер.
Решавачка тројка на Маркус Морис на 28.7 секунди пред крајот го обезбеди успехот на Бостон со 101:95 против домаќинот Оклахома Сити. Шутот на Морис ја оформи серијата од 16:1 во корист на Селтикс во последните 4,14 минути од натпреварот. Џејсон Тејтум беше најпрецизен за победниците со 24 поени, додека клупскиот колега Морис додаде уште 21 поен и 10 скока. Ал Хорфорд додаде уште 19 поени. Пол Џорџ беше најуспешен за „Громовите“ со 22 поена.
Портланд победи со 128:114 како гостин на Орландо. Демиен Лилард постигна рекордни 41 поен, вклучувајќи и 19 во третиот период. Си Џеј МекКалум додаде уште 22 поени за „Блејзерс“. Николас Вучевиќ постигна 24 поени и зеде 11 скока за „магичните“.
Андре Драмонд, пак, постигна 26 поени за Детроит при успехот со 110: 103 дома над Кливленд. Блејк Грифин додаде уште 26 поени и 10 скока под кошот. Кајл Корк беше најдобар за Кавалирс со 21 поен.
Ново на Сител
-

Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија
-

МП: Протестот е темелно демократско право, но загрижува улогата на одредена опозициска партија и обидот за манипулација
-

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари - го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
