Ле Пен бара референдум во секоја земја на ЕУ како оној во Велика Британија

Лидерот на францускиот екстремно десничарски Национален фронт (ФН), Марин Ле Пен, ја нарече ЕУ „тоталитарна“ и побара во секоја земја членка на Унијата да се организира референдум, како оној што утре ќе се одржи во Велика Британија.
Ле Пен, која е член на Европскиот парламент, се определи како „заштитник на слободата на народите да располагаат со својата слобода и да ги избираат законите“.
- Она што го сакам е референдум во Франција. Секоја земја треба да може да се произнесе со референдум, истакна Ле Пен.
- Французите не се прашани од пред 11 години, а последниот пат нивниот збор беше погазен, од традиционалните левичарски и десничарски партии, нагласи лидерката на ФН, алудирајќи на референдумот од 2005 година, со кој Французите го отфрлија за Договорот за еврпскиот устав.
- Какви и да се резултатите в четврток, ЕУ се распаѓа, распукува насекаде. Или чекаме пропаст, експлозија или ќе седнеме на маса и ќе започнеме да градиме Европа на нациите, која ќе ја замени тоталитарната ЕУ, која ја знаеме денес, додаде Марин Ле Пен.
Ново на Сител
-

Косовец со БМВ влечел цариник на Блаце откако му ја забележал кесата дрога под седиштето
-

Му се скршил ножот, па убиството на својата мајка го довршил со ножици – доживотен затвор за Петар Станковски
-

Јавното обвинителство во Гостивар спроведува истрага за случајот со можна неисправност на водата за пиење
-

Baby boom во Прилеп: За 10 часа родени седум бебиња, за два дена вкупно 12
-

„Екс-ју авиејшн“: Скопскиот е најбрзорастечки меѓу аеродромите во поранешна Југославија
-

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
-

Сомнеж за загадување на водата во Гостивар: Поставени пумпи во корито на отпадни води
-

Владата донесе одлука - кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври
