Фудбал
28. April 2016 - 9:11

ЛЕ: Ливерпул гостува на „Ел Мадригал“

Вечерва се играат првите два полуфинални натпревара од Лига Европа. Шпански Виљареал го пречекува премиерлигашот Ливерпул. Ова воедно е дуел на две екипи кои имаат најдолги серии без пораз оваа сезона во европските купови. Виљареал е без пораз 11 натпревари, а Ливерпул 12 (единствен без пораз во еврокуповите). Во редовите на Виљареал најголема опасност по голот на Ливерпул се очекува да биде Седрик Бакамбу кој досега има постигнато 9 голови.

На вториот дуел во Лвов Шахтјор е „домаќин“ на Севиља. Шпанскиот тим е бранител на трофејот и има можност третпат во низа да победи во ова натпреварување.
За тимот на Шахтјор хендикеп е тоа што неможе да игра на својот терен во Доњецк поради состојбата во Украина. Овие два тима во Лига Европа играа и во 2007 година, а Севиља победи откако беше подобра по продолжение во вториот дуел, а потоа истата година и го освои пехарот.
Реванш натпреварите се играат на 5.мај, а финалето е на 18.мај во Базел.