Лазаров: Разочаран сум од толку промашувања

Ракометарите на Алкалоид и во реваншот од квалификациите на Лига Европа загубија од Хановер со 29:28. Македонскиот претставник со двата пораза ги заврши натпреварите во елиминациската фаза, па сега остануваат само домашните натпреварувања.
– Честитки за Хановер, заслужено победија. Разочаран сум бидејќи на двата натпревара промашивме вкупно девет удари од шест метри. Со ваква статистика невозможно е да се совлада екипа што игра во Бундеслигата. Знаевме дека Хановер е поквалитетен тим, но ова е премногу. Хановер е противник кој победува екипи како Магдебург или Фуксе Берлин, тогаш е јасно колку беше тешко со ваква статистика, изјави по натпреварот тренерот на Алклаоид Кирил Лазаров.
Жестоко беше на теренот, особено како што истакна и тренерот на гостите Кристијан Прокоп дека нивна цел била две победи на двата дуела.
– Сакам да им честитам на Хановер за победата и да им посакам среќа во групната фаза на ЕХФ Европската лига. За жал, за нас европската авантура завршува тука и нашиот фокус ќе биде насочен кон домашните натпреварувања, изјави капитенот на Алкалоид Игор Ѓоргиев.
Пред почетокот на натпреварот Алкалоид – Хановер, на македонскиот тим му беше предаден пехарот од ЕХФ за освоениот Европски куп од ланската сезона.
МИА
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
