Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска

Селекторот Кирил Лазаров оцени дека вечерашниот дуел против Данска донесе и позитивни моменти во играта на македонската репрезентација и покрај високиот пораз од 24-36 од кодомаќинот на Европското првенство.
„Можам слободно да кажам дека, иако е тешко да се каже кога ќе загубиш, макар и со 12 разлика од Данска, јас сум задоволен од момците како се бореа и како се поставија против најдобрата селекција во светот во последните десет години. Мораме да бидеме задоволни и да извлечеме добри поуки од овој натпревар. Данска за помалку од секунда стигнуваше до гол и погодуваше, и многу поискусни селекции од нас не успеале да држат таков ритам 60 минути или да го соборат и да победат“, изјави македонскиот селектор.
Лазаров особено ја истакна добрата игра во одбраната, наспроти грешките во нападот особено во првото полувреме.
„Лошо го почнавме натпреварот со три-четири технички грешки и тука Данците ни се „одлепија“. На позициска одбрана, ја натеравме Данска да не напаѓа со „седум на шест“. Тоа е голем плус за нас. Данскиот тим ретко напаѓа така затоа што има врвни напаѓачи. Одбраната беше добра, иако не сакам јавно да зборувам за играчите да не се опуштат на следните дуели. Да напаѓаш против една Македонија со „седум на шест“, тоа нешто значи“, наведе Лазаров.
Следен противник на македонскиот тим ќе биде Португалија, в недела од 18 часот, а исходот од овој дуел ќе биде клучен за аспирациите за влез во втората рунда на Европското првенство.
„Португалија играше полуфинале на Светското првенство со Данска и со Франција се бореа за подиум. Самите нивни изјави кажуваат дека се дојдени да освојат медал, но и да се борат за златото. Ја имаат таа самодоверба, Станува збор за воигран тим, во зрели години. Тие се на голема сцена, играчите се на цена, ги бараат најдобрите во светот. Сакам да проработи нашиот инает и да дадеме сè што имаме од нас во тој натпревар, да се обидеме да одиграме добро. Мора да бидеме реални, тие се огромни фаворити. Но, со нашиот менталитет и карактер, од стручен штаб па се до играчи, ќе пробаме да бидеме подобри од овој дуел со Данска и да бидеме поконкурентен“, додаде Лазаров.
МИА
Ново на Сител
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
-

Променливо облачно и нестабилна на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во деновите од продолжениот викенд
-

Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет - енергетската стабилност
-

Рибарски: Голем број станови изградени пред 2000 година се запишани со помала квадратура во Катастарот
-

Италијанскиот фудбалски гигант Милан ќе одржи камп во Скопје
-

Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера, треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка
