Лазаров: Имаме реални шанси за пласман на ЕУРО2026

Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија Кирил Лазаров со коментар по ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.
Жрепката ја смести македонската репрезентација во групата 1 заедно со Словенија, Литванија и Естонија.
„Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија, додека со Словенците ќе пробаме да издвојуваме барем една победа. Знаеме дека станува збор за квалитетен национален тим кој успеа да обезбеди олимписка виза за Игрите 2024 во Париз“, изјави Лазаров за официјалниот сајт на Ракометната федерација на Македонија.
Во квалификациите учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи по четири селекции.
Пласман на Европското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Норвешка, Данска и Шведска ќе обезбедат првите две репрезентации од осумте групи, како и четирите најдобро третопласирани селекции.
Квалификациите почнуваат на 4. октомври, а ќе финишираат на 11. мај 2025 година.
Ново на Сител
-

Јанша по средбата со Руте: Словенија ќе ја исполни обврската од два отсто за одбрана
-

Кипарската полиција откри 260 килограми кетамин во магацин во пристаништето Лимасол
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија изминатите 35 години беа сопатници низ времето
-

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник
-

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари се товарат за убиство со евентуална умисла
-

Активен пожарот кај крушевско Борино, под контрола е на Јаесен и кај село Белица
-

Трамп: Украина и Русија се согласија да не напаѓаат енергетски објекти
-

Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика
