Лавров: Нападот врз Сирија е нелегитимен и неприфатлив

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска оцени дека американско-британско-францускиот ракетен напад врз Сирија е „нелегитимен и неприфатлив“.
- Ќе разговараме за тоа како западните партнери ја оправдуваат својата целосно нелегитимна и неприфатлива операција. Американскиот претседател, британската премиерка и францускиот претседател тврдеа дека имаат несоборливи докази дека во Дума било користено хемиско оружје, и дека тоа го сторил Башар ал Асад, изјави Лавров.
Русија до Советот за безбедност на Обединетите нации денеска достави резолуција со која се осудува „агресијата на САД и на нејзините сојузници против Сириската Арапска Република и кршењето на меѓународното право и повелбата на ОН“.
Како одговор, американската армија ја обвини Русија дека масовно шири дезинформации преку социјалните мрежи. Според портпаролката на Пентагон Дејна Вајт, бројот на руски таканречени „тролови“ кои шират дезинформации на интернет се зголемил за 2.000 пати по ракетните напади врз Сирија. Главни тврдења кои се шират, обвини Вајт, се дека повеќето ракети истрелани кон Сирија биле соборени и дека хемискиот напад во Дума бил исцениран од западните земји.
Ново на Сител
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
-

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата
-

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од владите на Заев и Ковачевски
-

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
-

ЦИА декласифицираше белешки за Ал Каеда
