-->
-->
Лавров на Алјаска во „СССР“ маица
-->

Денеска, на претстојниот руско-американски самит во Алјаска, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пристигна облечен во сив блузон со натписот „СССР“. Снимката која се појави на Телеграм каналот на весникот „Известија“ се прошири на социјалните мрежи. Лавров даде брза изјава одејќи од службениот автомобил до хотелот во Енкориџ.
-Никогаш не планираме ништо однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна, разбирлива позиција. Ќе ја презентираме – рече рускиот министер, одговарајќи на новинарско прашање за проценка на веројатноста за успех на претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат руските медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
-

Бубрежна хронична болест, гојазност и дијабет – коморбидитети кај починатите од западно-нилска треска
-

Камионџиите повторно на протест - 30 отсто од капацитетите веќе не сообраќаат редовно
-

Климатските промени сериозна закана за производството на храна и аграрот
-

Преглед на вестите од светот
