Лаутербах: ЕУ следниот месец може да одобри комбинирани вакцини против коронавирусот

Европската агенција за лекови може да одобри употреба на вакцина против два вида на коронавирусот, изјави денеска германскиот министер за здравство Карл Лаутербах.
Тој очекува Агенцијата на 1 септември да ја разгледа употребата на вакцина против првиот вид и варијантата на омикрон, позната како БА.1. Потоа, веројатно на 27 септември, европската Агенција ќе спроведе преглед на комбинираната вакцина против првиот вид и варијантата на омикрон БА.5, наведе Лаутербах.
Како што тој тврди, Германија обезбеди доволно количини од двете вакцини и ќе може да почне со употреба ден по одобрувањето. Американската Агенција за храна и лекови претходно наведе дека комбинирани вакцини, познати како „бивалентни“ или „мултивалентни“, ќе ја задржат ефикасноста на првите против коронавирусот, истовремено давајќи дополнителна заштита против новите варијанти.
Таков пристап се користи кај вакцините против грипот, што секоја година се прилагодуваат во зависност од варијанти.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
