Лани родени 23.260 деца, 11 отсто вонбрачни

Во Република Македонија во 2015 година родени се вкупно 23.260 деца, од кои живородени се 23.075 и 185 мртвородени, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Бројот на живородените деца во 2015, во споредба со претходната година, е намален за 521 дете или за 2,2%.
Во структурата според пол, кај живородените деца, машките имаат поголемо учество и тоа 51,8%, односно, на 100 живородени женски деца 107.6 се машки, посочуваат резултатите.
Според месецот на раѓање, најголем број раѓања (2.176) се регистрирани во месец јули.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28,7 години, а 27 години на првите раѓања.
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34,5% се живородени деца од мајки на возраст 25-29 години. Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1988 година.
Во 2015 година се регистрирани 13 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.530 деца или 11% од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.
Ново на Сител
-

Клучни членки на ЕУ се против предлогот за прием на нови држави без право на глас?
-

Секој пациент ќе има електронско досие - нема веќе хартии во папка
-

Укината забраната за пиење на водата во Струга
-

Андоновски: Законски измени или промена на правилникот - мора да се разјасни што е платформа или што е креатор на содржини
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје
-

Како да се заштитат жртвите на семејно насилство?
-

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени
-

Само 8% од Ромките се вработени, но многу мал број пријавуваат дискриминација
