Лагард: Со одлагање на Брегзит е избегнато „страшно сценарио“

Со одлуката за одлагање на британското истапување од ЕУ за шест месеци, избегнато е „страшното сценарио“ за Брегзит без договор, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.
Таа нагласи дека одлагањето на Брегзит сепак се уште не ги решило сите проблеми меѓу Велика Британија и ЕУ и не ја надминало неизвесноста околу исходот од британското истапување од Унијата, што, според неа, придонело и за забавување на растот на глобалната економија
– Најважно е што Велика Британија нема да излезе од ЕУ на 12 април без договор. Тоа овозможува време за продолжување на разговорите меѓу различните страни во Велика Британија. Тоа веројатно им дава време и на индустријалците и на работниците да се подготват за сите опции, за да се обидат да ја гарантираат својата иднина, изјави синоќа Лагард на прес-конференција на маргините на пролетното заседание на ММФ и Светската банка.
Европските лидери на Самитот во Брисел во средата донесоа одлука за одлагање на Брегзит до 31 октомври, со цел да и се даде време на Велика Британија да ги реши внатрешните несогласувања околу истапувањето од Унијата.
Неизвесноста околу Брегзит најмногу ја погоди самата Велика Британија, пред се британските компании, кои се соочија со пад на инвестициите и намалување на продуктивноста.
Ново на Сител
-

СВР Скопје станува Оддел за внатрешни работи, поголеми ингеренции и повисоки плати за скопската полиција
-

Превозниците во паника – не депортираат од Унијата како криминалци
-

Од денеска извод за родени, (не)венчани и умрени можете да си извадите електронски
-

Трамп го формираше Одборот за мир, со нејасни цели и контроверзен состав
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
-

Преглед на вестите од светот
