Курц: Планот за бегалски квоти на ЕУ е целосно нереален

Планот на Европската Унија да воведе навионални квоти за прием на бегалци во земјите членките е „тотално нереален“, смета австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.
- Мислам дека мерките да се распределат околу 160 илјади бегалци во земјите членки на ЕУ во период од две години е погрешен. ЕУ не треба очајно да се држи до планот, туку треба да му каже збогум, изјави Курц за германскиот весник „Ди Велт“, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Според шефот на австриската дипломатија планот не е добар затоа што бегалците не сакаат да останат во земји како Романија, Унгарија или Полска, туку ги претпочитаат Австрија и Германија.
Курц смета дека дебатата за распределба на бегалците може да ја загрози целата Европска Унија. Тоа е опасно прашање што може да предизвика немири, недоразбирање и насилство, вели Курц за „Ди Велт“.
Планот за дистрибуција на бегалците во сите членки на ЕУ договорен пред една година се уште не функционира, затоа што дел од државите не сакаат да примат поголем број на баратели на азил.
И покрај големите проблеми за неговата земја од почетокот на бегалската криза ова е прва остра критика за политикит на унијата од австрискиот минситер за надворешни работи кој во јуни изјави дека ЕУ ја загубила контролата на ситуацијата поврзана со бегалците.
Ново на Сител
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
-

Без вода корисници на ул. „Капиштец“
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
