Курц: Ограничувањето на бројот на бегалци е „повик за будење“ на ЕУ

Одлуката на Виена да постави горна граница на бројот на баратели на азил кои ќе ги прими претставува „повик за будење“ со цел да се поттикне Европа да изнајде заедничко решение за мигрантската криза, изјави денеска шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц.
- Нашата национална акција пред се е повик за буидење за Брисел... Верувам дека постои долгорочно европско решение. Но, се додека тоа не се најде мораме сами да се заштитиме, посочи Курц за германскиот весник „Билд“.
Австрија во средата соопшти дека ќе го ограничи бројот на примени баратели на азил на 37.500 во 2016 година, што за повеќе од половина помалку во споредба со 90.000 барања на азил што ги прими минатата година.
Курц во интервју за германскиот дневен весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ изрази уверување дека одлуката на Австрија да го ограничи бројот на мигранти ќе има позитивно влијание.
- Сега во Европа ќе расте притисокот да изнајде заедничко решение, посочи Курц.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активни три пожари на отворено - гори депонија во Арачиново и ниска вегетација во Грчец
-

МВР: Лишени 20 возачи од слобода, 16 возеле без возачка дозвола
-

Трамп: Повторно ќе го „удриме Иран многу силно“ ако не го запре Хезболах
-

Приведени четири лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Бојан Илиевски е победник на големото музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“
-

Приведени уште четири лица осомничени за проневерата во ФФМ
-

Пезешкијан: Писмено ќе потврдиме дека нема да правиме атомска бомба, но не се откажуваме од збогатување ураниум
-

15-годишно девојче пробало да се самоубие бидејќи не можело да ги издржи заканите и агресивното однесување од таткото
