-->
-->
Курц: Да се затворат границите наместо спогодбата со Турција
-->

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц остро ја критикуваше Анкара, порачувајќи и дека не сака да се потпре на спогодбата меѓу ЕУ и Турција за бегалците, туку дека е неопходно конечно подобро да се обезбедат границите на Унијата.
Тој во интервју за виенскиот весник „Естерајх“ изјави дека мерките за чистка, по обидот за воен удар во Турција продолжуваат, како и заплашувањето на опозицијата, додавајќи дека сето тоа е целосно спротивно со европските вредности и оти тоа не смее да се прифати.
Во врска со тоа тој повтори дека не смее да се отвораат нови поглавја во претпристапните преговори со Турција.
- Според мое мислење, за Турција нема место во ЕУ, порача Курц.
Тој појасни дека шефовите на држави и влади се задолжени за одлуката за прекин на преговорите, а дека шефовите на дипломатиите се задолжени за отворање нови поглавја.
Курц нагласи дека отсекогаш предупредувал дека ЕУ не смее да дојде во ситуација да зависи од Турција.
- ЕУ не смее да биде подложена на уцени. Спогодбата со Турција секогаш сум ја гледал како план Б, а планот А мора да биде ефикасна заштита на надворешните граници, додаде тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
