Македонија
14. May 2024 - 12:32

Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото

„Во 19.15 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 38-кумановец, затоа што во текот на денот во централното градско подрачје на Куманово допирал по телото три малолетнички од Куманово“, соопшти МВР. 

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Неофицијално, лицето имало здравствени проблеми и во текот на денот се движело низ центарот на градот и ги напаѓало девојчињата, превртувало канти за отпадоци и се однесувало агресивно.