Кучиња повторно нападнаа жена во Скопје

Уште една жена настрада од куче – овојпат од кучиња скитници. Вчера во населбата Илинден 38 годишна жена била нападната од четири кучиња скитници, при што едно од кучињата ја каснало во предел на грбот. Оштетената случајот го пријавила во МВР, по што побарала лекарска помош во ургентниот центар на инфективна клиника каде и било констатирана телесна повреда и била пуштена на домашно лекување. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби велат дека редовно и секојдневно се упатуваат пациенти со повреди од каснување од кучиња. Ваквата состојба се случува десетици години наназад велат од клиниката
„ На универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби редовно и секојдневно се упатуваат пациенти со повреди од каснување на кучиња. Кај пациентите се спроведува, зависно вакцинален статус и потреба, антитетанична и антирабична серо и вакцинална профилакса. Повредите настанати од кучиња се редовна појава која се случува десетици години наназад“, вели Милена Стефановиќ – Директорка на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби за ТВ24.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
