Крвава расправија на нива помеѓу двајца браќа, еден прободен со нож

Расправијата помеѓу двајца браќа од гостиварското село Чегране за малку ќе завршела трагачно, откако едниот извадил нож и го пробил брата си во стомакот.
Според СВР Тетово, вчера попладне околу 18 часот и 30 минути, во гостиварската болница бил донесен В.А. (57) од Чегране со убодна рана во десната страна од стомакот. Осомничен дека раната со нож му ја нанесол е неговиот 63-годишен брат И.А., со кого половина час пред тоа, најпрво вербално се расправале, а потоа и физички се пресметувале на нива во близина, за која воделе судска постапка.
- Раправијата започнала откако помладиот од браќата со своето возило стигнал на нивата, каде го забележал постариот брат кој работел на оградата. Кусо се расправале, се степале, а И.А. кој во еден момент бил паднат долу на земјата, извадил нож и го прободел во стомакот, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Роднина, кој бил во близина го пренел В.А. во гостиварската болница и по укажаната лекарска помош, а по барање на најблиските, префрлен на една приватна клиниката во Скопје.
Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, осомничениот лишен е од слобода, задржан е во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување на сите поединости ќе се соочи со соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Од 3 на 5: Нови две единки балкански рис забележани на Шар Планина | ВИДЕО
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
-

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица
-

Израел се обиде да го убие иранскиот безбедносен функционер Лариџани
-

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Сам реши го својот проблем, ова не е наша војна
-

Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29 март нова авиолинија Охрид-Милано
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка, уапсен скопјанец што измамил жена за сума од 2.000 евра и 1.000 долари
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница
