Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
Струмичкиот бизнисмен, Ристо Крмзов, обвинет за даночна измама тешка 22 милиони евра, седна на обвинителна клупа во скопскиот кривичен суд.. Заедно со него обвинети се уште шестмина, како и 14 фирми.. Се товарат дека со фиктивни фактури за наводна купопродажба на недвижности барале поврат на ДДВ.. на денешното подготвително рочиште, одбраната истакна дека обвинителство селективно ги анализирало документите од кои подоцна оформило и предмет..
Обвинителството најави дека даночната измама ќе ја докажува без сведоци, пред судот ќе презентира само документација.. Во истрагата биле одземени 500 регистри од кои како докази ќе се користат 8 илјади документи..
На денешното рочиште, обвинителството и одбраната, стартот на судењето го договорија за 25 март.. Во меѓувреме, адвокатите имат обврска да ги обезбедат документите кои како докази ќе ги понудат пред судот..
Според обвинителството, парите земени преку незаконскиот поврат на ДДВ, Крмзов и останатите обвините ги подигнувале во готовина, со дел враќале кредити, а граделе и станови..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
