Македонија
10. December 2025 - 13:50

Кривична за 24-годишна девојка, управувала возило со 126 километри на час на место каде е ограничено 50

На 08.12.2025 во 16:45 часот на магистралниот пат Овче Поле - Свети Николе, при контрола во сообраќајот со радар, полициски службеници од ОВР Свети Николе сопреле патничко возило „ровер“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.Р. од с.Елшани, охридско. Притоа е констатирано дека го управувала возилото со брзина од 126 километри на час на место каде максималната брзина е ограничена на 50 километри на час.

По насоки на јавен обвинител од Свети Николе со неа е извршен службен разговор.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Ново на Сител