Кривична пријава за измама за отворање нови работни места

Полицијата поднесе кривична пријава против Љ.К. (53) од Прилеп и правниот субјект „Аванти Ин Кисела“ ДООЕЛ-Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.
Љ.К. на 15 септември минатата година, во просториите од Агенцијата за вработување се претставил како овластено лице од управителот на пријавениот правен субјект и побарал да аплицира за финансиска поддршка на правни субјекти за отварање на нови работни места.
Љ.К. дал податоци за три лица без нивна согласност и знаење и за нив изготвил документи за пријавување по што пријавата била заведена во Центарот за вработување во Прилеп за понатамошно постапување. Откако биле готови договорите за вработување му биле доставени на пријавениот кој ги потпишал во име на лицата скратувајќи им го притоа правото да можат да ги користат поволностите за самовработување.
Ново на Сител
-

Судење за „Пулс“, родителите ја напуштија судницата
-

Во Источна Македонија најмногу потрошувачка на лекови на рецепт
-

Жените во Тетово ќе се капат во посебни термини во градскиот базен
-

Гаши: До крајот на годината очекуваме посета на претседателката на Собранието на Бугарија
-

Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка
-

Стартува Охридскиот вински фестивал
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
