-->
-->
Кривична пријава за двајца струмичани за фалсификување исправа
-->

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против К.М. (34) и Р.В. (24) двајцата од с.Сачево, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “фалсификување исправа“.
На 27. минатиот месец во 00.10 часот на регионалниот пат Богданци – Дојран, во близина на браната Паљурци, полициски службеници сопреле патничко возило „Мерцедес Вито” со бугарски регистарски ознаки, кое го управувал првопријавениот и кој немал собраќајна дозвола за возилото.
Од извршените проверки било утврдено дека бугарските регистарски ознаки биле издадени за друго возило „Рено Клио“ и биле со важност до 23.03.2017 година.
Регистарските таблици на К.М. му ги дал второпријавениот Р.В..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
