Кривичен побара разрешување на Даштевски од Комисијата за заштита од дискриминација

Основниот суд Скопје 1 во вторникот покрена иницијатива до Собранието на Република Македонија за разрешување на Александар Даштевски од претседателското место во Комисијата за заштита од дискриминација.
Барањето, како што информира претседателот на судот, Иван Џолев, на денешната средба со новинари, е поднесено поради злоупотреба на службената положба и нестручно и несовесно вршење на функцијата. Поради истата причина, како што кажа, судот не го прифати и барањето за изземање на судијката Добрила Кацарска поднесено од бранителите на Гордана Јанкулоска.
Тие до судот доставиле мислење од Комисијата за утврдено вознемирување од член 7, став 1 од Законот за заштита од дискриминација потпишано од претседателот Александар Даштевски. Судот веднаш реагирал на мислењето и побарал информација дали се одржала седница на кое е донесено решението, но не добил одговор.
Според Џолев, станува збор за преседан и недозволен апсурд во судската светска пракса.
- Сметаме дека тоа е мешање во судската власт. Судот утврдува дискриминација кон некого, а не генерира. Доколку судијката постапувала лошо кон некого може да достави претставка по која одлучува судот, рече Џолев и додаде дека не може Собранието да утврдува дискриминација од судија.
За Даштевски посочи дека постапувал надвор од својата обврска и нестручно.
Ново на Сител
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
-

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет
-

Природно од Преспа со Билјана Петровска Митревска | Неформално | Sitel Podcast 144
-

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
