Кристал Палас ја освои Лигата на конференции

Лондонски Кристал Палас го освои првиот европски трофеј во својата 119-годишна историја, откако вечерва во финалето на Лигата на конференции во Лајпциг го совлада Рајо Ваљекано со 1-0 (0-0).
Ова беше петто издание на Конференциската лига во кое Кристал Палас стана петтиот клуб кој триумфирал, по Рома, Вест Хем, Олимпијакос и Челзи.
Победата на англискиот клуб му ја донесе францускиот репрезентативец Жан – Филип Матета во 51. минута.
Историското прво финале за двата клуба почна претпазливо на Арената „Ред Бул“ во Лајпциг без ниту еден директен удар кон голот на двете страни по првите 45. минути.
Најдобрата шанса во првото полувреме дојде од лондонскиот тим во судиското продолжение кога ударот на Мичел со глава од непосредна близина заврши сантиметри покрај десната статива.
Второто полувреме донесе многу подобар фудбал, а англискиот тим поведе по само шест минути кога голманот на Рајо го одбрани ударот на Вартон, но одбиената топка од непосредна близина Матета ја пласираше во празната мрежа.
Само пет минути подоцна можеше да биде 2-0, но одлично изведениот слободен удар од Пино прво ја погоди десната, а потоа и левата статива од голот на шпанскиот клуб.
Набрзо потоа, Матета пропушти уште една голема шанса да го зголеми водството во 57 минута.
На спротивната страна, клубот од Мадрид се закани во 59. минута, кога Хендерсон го одбрани ударот на Алемао.
Во продолжението, тренерот на Рајо, Иниго Перез, се обиде да го засили својот тим, воведувајќи пет нови играчи, но без поголемо подобрување во играта.
За Кристал Палас, ова е првиот европски трофеј во историјата на клубот, а трета титула во последните 12 месеци. Во мај 2025 година, клубот од јужен Лондон го освои ФА Купот, а во август лани триумфираше во ФА Комјунити Шилд.
Кристал Палас е вториот англиски клуб што освои европски трофеј оваа сезона, по триумфот на Астон Вила во Лигата на Европа претходно овој месец.
Сезоната во европските клупски натпреварувања ќе биде заокружена на 30. мај кога во финалето во Лигата на шампиони во Будимпешта, фудбалерите на ПСЖ ќе ја бранат титулата против Арсенал.
МИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
