-->
-->
Креативна работилница „Благодарен сум за...“
-->

Креативна работилница на тема „Благодарен сум за...“, наменета за родители со деца на возраст од три до седум години, ќе се одржи денеска во Ресурсниот центар на СОС Детско село во дворот на градинката „25 Мај“, објект Искра, во општина Гази Баба.
На работилницата, под водство на ликовни педагози, децата и родителите ќе имаат можност да цртаат на бели чаши и бели маички.
Насликаните предмети ќе бидат дадени за продажба на новогодишен базар, а собраните пари ќе бидат донирани за деца кои се во социјален ризик.
Ликовната работилница е дел од програмата Општинско корисна работа, а ја реализираат општина Гази Баба во партнерство со СОС Детско село Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
