Крадец се заглавил во оџак, го спасиле полицајците

Дваесетитри годишно момче од Боливија е уапсено поради кражба, а неговото злодело не било тешко да се открие, со оглед на тоа што по кражбата и упадот во куќата се заглавил во оџакот.
Мета на крадецот била куќа во Буенос Аирес, но кога влегол, тој собрал се што можел да собере, скапа облека, МП4 плеери и таблет, кои ги спакувал во една торба. Во моментот кога тргнал да го земе телевизорот, слушнал дека некој доаѓа, се испаничил и го вратил телевизорот на место, ја оставил торбата и почнал да бега.
Со оглед на тоа дека сопствениците влегле во куќата, неговиот единствен излез бил очакот, но се испоставило дека тоа не му била добра идеја.
Во обид да се качи до кровот, крадецот се заглавил на половина оџак, а потоа, свесен дека не може ништо да направи, молел за помош. Тогаш го слушнале соседите, кои веднаш повикале полиција.
Кога излегле на терен, полицајците морале на неверојатен начин да ја решат ситуацијата - да се качат на кровот на куќата и пробале да го извлечат. Секако, целата случка ја гледале и соседите кои го пријавиле инцидентот.
По кратката интервенција исчаденото момче го извадиле од оџакот, а потоа му ставиле лисици и привеле во полициска станица. Како што пишуваат локалните медиуми, му се заканува повеќегодишна затворска казна.
Ново на Сител
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
