Ковачевски: Проверката на имотната состојба на вработените во Царина, не значи ветинг
Премиерот Димитар Ковачевски смета дека неговиот предлог да се провери имотната состојба на царинските службеници, ќе придонесе во зголемување на транспарентноста и општествениот кредибилитет на институцијата.
Проверката на имотната состојба, како што посочи, може да се направи преку интерни постапки и не значи ветинг.
- Мислам дека ако тоа се примени во Царина, ќе се зголеми нивната транспарентост, ќе добијат на тежина и на општествен кредибилитет, бидејќи ако некој нема што да крие, нема ни потреба да не поддржи еден таков процес, изјави денеска Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања.
Ковачевски вчера во одговор на новинарско прашање поврзано со барањата на вработените во Царинската управа и Управата за јавни приходи рече дека добро би било да се провери имотната состојба на вработените во овие две институции.
Во однос на ветингот, Ковачевски денеска рече дека е за ветинг со којшто ќе бидат опфатени сите општествени чинители и којшто, според него, треба да се направи по примерот на развиените земји.
- Јас и мојата политичка партија сме за ветинг, но ветинг којшто ќе ги опфати сите општествени функционери и треба да се дефинира дали да бидат опфатени и други делови од општеството бидејќи со општествените ресурси не управуваат само избрани и именувани политичари, туку и луѓе кои на пример користат концесии, фреквенции...., рече Ковачевски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
