Ковачевски: Нема да побарам разрешување на министерот Спасовски

Нема да побарам разрешување на министерот Спасовски поради перформансите на МВР и врвното професионално ниво на Министерството и на министерот, рече премиерот Димитар Ковачевски на собраниска седница за пратенички прашања одговарајќи му на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки - дали ќе го разреши министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Како што рече, доказ за перформансите и професионалната работа на МВР се справувањето со криминалот, спречување илегална миграција, инвестиции во објекти и опрема во МВР, опремување на припадниците на Министерството, обуките, зголемување на примањата на припадниците на Министерството за внатрешни работи.
-Тие се на највисоко ниво. Сите бројки кои се јавно достапни во однос на идентификување криминални дејанија во државата од сите видови, коишто се на многу повисоко ниво од тоа што беа во претходните години, како и во однос со справувањето со различни видови криминал, што исто така се на многу повиско ниво од минатото, се доказ дека се работи за - и министер, и негов тим, коишто работат на врвно професионално ниво, рече Ковачевски.
По одговорот на неговото прашање, пратеникот Ковачки рече дека премиерот „продолжува да го брани институционализираниот криминал кој е под закрила на Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи“ и дека престрелките станале секојдневие, посочувајќи на завчерашното пукање во ТЦ „Ист гејст“. Рече дека во земјава владее „принцип на неказнивост и секој може да шета со оружје“, дека МВР го изгубило капацитетот да се справува со криминалот и полицијата нема авторитет затоа што, како што рече, „криминалците имаат авторитет врз министерот за внатрешни работи и се вработува кадар со криминално минато“.
-Скоро 20 убиства, само на територија на Скопје, не се расветлени од МВР во мандатот на Спасовски кој на 11 ноември ќе полни цели осум години како министер за внатрешни работи. Повторно, по којзнае кој пат, полицијата не дејствувала превентивно и воопшто не реагирала на објавите односно на најавеното убиство на социјалните медиуми. Исто како и на пријавите на жената од Кочани која цело време пријавувала дека имала закани за убиство и на крајот беше заклана пред својот дом. МВР не реагирало ни тогаш, ни сега, рече Ковачки.
Ново на Сител
-

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
-

Уапсени две лица откако едниот од нив репетирал пиштол и се заканувал кон група луѓе во Скопска чаршија
-

Приведени 6 лица поврзани со групна тепачка во угостителски објект во Велес
-

28-годишник од дебарско почина откако се повредил при сеча на дрва
-

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
-

Ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот "Талир 2"
-

Синот со над 30 убоди во вратот и градниот кош го убил татко му во Скопје, обвинителството отвори истрага
-

Полни трибини на „Петар Милошевски“ за реваншот на Силекс против Динамо Минск, карти веќе нема
