Ковачевски: Нема да дозволам некој да прави екстра профит на грбот на граѓаните
Премиерот Димитар Ковачевски денеска, во врска со Одлуката за замрзнување на цената на лебот, уште еднаш соопшти дека Владата нема да дозволи никој да прави екстра профит на грбот на граѓаните.
Ковачевски најави дека во блиска иднина е можно да се замрзнат цените и на некои други прехранбени производи, за што калкулациите веќе се прават.
Според премиерот, Владата не налага никому ништо, туку носи одлуки базирани на прецизни калкулации, а законите во државата мора да се почитуваат. Сите треба да бидат солидарни во вакви услови на криза.
Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на градинката „Пролет“, потсети дека цената на лебот е замрзната за да се заштитат граѓаните и изрази разочарување од некои производители кои, како што рече, според објавуваните сметки, продавале бел и полубел леб во вечерните часови по цена од 50 денари.
-Нема да дозволам некој да прави екстра профит на грбот на граѓаните. Не држи објаснувањето дека мала пекараница може да произведе поевтин леб од голема пекарница. Компаниите кои во моментов не сакаат да произведуваат ваков тип леб се тие што го добија најголемиот дел од субвенциите за електрична енергија што никаде не можете да најдете на пазарот во време на криза. Тие треба да покажат одговорност, да го испорачаат она за што исто така за оваа цена имаат маржа, зашто калкулацијата беше правена од пекарската индустрија. Да се заработува на грбот на граѓаните кога треба да покажеме солидарност, е нешто најлошо што може да направи една компанија. Од друга страна, има одговорни комапнии и на нив сакам да им се заблагодарам, подвлече премиерот и дополни дека врз основа на инспекциските контроли ќе бидат носени следни одлуки.
Сите законски одредби, напомена Ковачевски, ќе бидат искористени, од законите за трговија, за заштита на потрошувачите и за заштита на конкуренцијата.
Ново на Сител
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
-

Кривична за 46-годишник од Гостивар, преку коментари на социјалните мрежи ширел омраза
-

Заврши судењето на Стојанче Зарков за убиство на неговата мајка, пресудата закажана за 9 февруари
-

Уапсен охриѓанец за лажни сообраќајни, измамил граѓани за 60.000 евра
-

ВМРО-ДМНЕ: Дали СДСМ работи против „Безбеден Град“
