Ковачевски: Денешната средба со Таравари е продолжение на лидерската средба со претседателите на парламентарните партии
– Се што се зборува за денешната средба со в.д. претседателот на Алијанса Албанците, Арбен Таравари и за влегување на партијата во Владата, е во делот на шпекулациите, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски.
– Денешната средба со господинот Таравари е продолжување на лидерската средба, која ја имавме во текот на изминатиот период со претседателите на сите парламентарни политички партии. Планирам во наредниот период да одржам поединечни средби со сите политички партии застапени во Парламентот, со цел да продолжиме да разговараме околу одлуките кои треба да се носат за европската иднина на државата, а за кои е потребен широк политички и општествен консензус, изјави Ковачевски во одговор на прашање по потпишувањето договор со турската компанија „Текнопанел“ за инвестиција во ТИРЗ Скопје.
На средбите, додаде премиерот, ќе се разговара и за законските решенија кои треба да се носат во Собранието кои се од економски карактер, во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и справувањето со економската криза во државата.
– Особено ќе стане збор за делот од законите кои се блокирани во Собранието, што најмногу се однесуваат во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и справувањето со економската криза, укажа Ковачевски.
Во медиумите се појавија информации дека цел на денешната средба на Ковачевски и Таравари е за влегување на Алијанса за Албанците во Владата и дека на партијата и се нудат три министерски места.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
