-->
-->
Косовската Влада купува скенер за да го спречи внесувањето солзавец
-->

Косовската Влада планира да набави модерен скенер, кој би требало да ги спречи опозициските пратеници да внесуваат солзавец во Парламентот и таму да го активираат, нешто што се случуваше на секоја седница изминатите шест месеци.
Во косовскиот Парламент пратениците на опозицијата вчера два пати активираа солзавец, фрлаа ласерски светлосни снопови кон министрите, а премиерот Иса Мустафа го полеваа со вода, по ја напуштија седницата.
Со оглед на тоа што досегашните безбедносни мерки не успеаја да ги спречат пратениците на опозицијата да фрлаат солзавец, Владата одлучи да купи нов скенер за тело, како оние кои се користат на аеродромите за откривање на експлозиви кај патниците.
Скенерот ќе чини околи 270 илјади евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотека Пулс
-

Во употреба пуштени реконструираните операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Регулаторна попладнево ќе ги објави новите цени на горивата
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
