Косово одби да го екстрадира Африм Исмаиловиќ
Основниот суд во Приштина го одби барањето на Министерството за правда на Македонија за екстрадиција на Африм Исмаиловиќ, осуден во случајот „Монструм“.
Во меѓувреме, скопскиот Кривичен суд на 23 февруари оваа година го осуди Алил Демири на доживотен затвор, како и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Останатите двајца обвинети, Фејзи и Хаки Азири, беа осудени од судот на 15 и девет години затвор. Во меѓувреме, Сами Лута беше ослободен од обвинение во отсуство на докази.
На 1 април по сообраќајна несреќа во Косово, Исмаиловиќ беше однесен во полициска станица и е утврдено дека тој се бара со потерница. МВР беше известен дека лицето е идентификувано и е утврдено дека за него има барање за екстрадиција.
Министерството за правда даде гаранции гаранции дека доколку Африм Исмаиловиќ, биде екстрадиран во земјава, ќе има повторено судење за осудениот во „Монструм “ за петкратното убиство кај Смилковско езеро.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
