Косово казнето со пет милиони евра поради биометриските пасоши

Австриската компанија„ОеСД“, која беше избрана за изработка на косовските биометриски пасоши го добила судскиот процес против Владата на Косово, во кој бара компензација поради доцнење во исплатата и поради привременото одложување на договорот за испорака на биометриските пасоши.
- Арбитражниот суд на Меѓународната комора за трговија во Париз донесе одлука во полза на австриската печатница. Истата предвидува косовската Влада да и исплати 4.996 милиони евра, како и други трошоци, стои во соопштението на компанијата на кое се повикува приштинскиот весник „Газета експрес“.
Против одлуката на Арбитражниот суд нема можност за поднесување жалба па властите во Приштина обврзани се износот да го исплатат во рок од 14 дена.
На ваквата одлука експресно реагираше лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај, велејќи дека тоа е уште еден удар по џебот на косовските граѓани.
- Петте милиони евра треба да ги платат поранешниот и актуелниот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи и Скендер Хисени, а не граѓаните кои едвај преживуваат поради лошото владеење, изјавил Харадинај.
Реџепи одбил да ја коменира одлуката, велејќи дека се повлекол од политичката сцена и оти не се занимава со прашања поврзани со политика.
- Немој да ме барате бидејќи јас се оддалечив од политиката и веќе не се занимавам со вакви прашања, изјави Реџепи.
Со актуелниот министер Хисени успеал да контактира порталот Индексонлајн, но тој одбил да зборува и ја прекинал врската.
Косовските биометриски пасоши од самиот почеток ги следат скандали. Поради трансакција на 1,4 милиони евра, во кој беше вклучена и германска државјанка седум лица беа осудени со вкупна затворска казна од 50 години, за „злоупотреба на службената положба и перење пари“.
Ново на Сител
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
-

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада"
-

СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
-

Лажни реклами за онлајн казина кружат на социјалните мрежи, алармира АПИС
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Шолц: Путин однапред ја испланира војната против Украина
