Конституиран хрватскиот Парламент

Новиот состав на хрватскиот Парламент е конституиран денеска, а Гордан Јандроковиќ (ХДЗ) е реизбран за претседател.
Јандроковиќ доби голема поддршка од пратениците, од 144, колку што гласаа, само еден воздржан и ниту еден против. Новиот претседател се заблагодари за искажаната доверба.
Хрватскиот Парламент има 151 пратеник.
Парламентарното мнозинство во новиот, десетти, состав од хрватската независност, го сочинуваат ХДЗ, малцински партии, Реформисти и ХНС.
Својата прва конститутивна седница Саборот ја одржа почитувајќи ги епидемиолошките мерки – заштитни маски и неопходната физичка дистанца.
На седницата не присуствуваше шефот на државата Зоран Милановиќ, со образложение дека со донесување на Одлуката за свикување на првата седница на хрватскиот Парламент, ја исполнил својата улога предвидена со Уставот.
Се очекува до крајот на неделава, Парламентот да ја потврди и новата влада, која повторно ќе биде предводена од Андреј Пленковиќ. Наместо досегашните 20 ресори, сега ќе има 16 министерства.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
