Конференција за заедничко родителство по разводот

Психолози, семејни терапевти, универзитетски професори и адвокати денеска ќе дебатираат на националната конференција на тема „Потребата од воведување заедничко родителство по разводот во Македонија и влијанието на овој концепт врз остварувањето на правата на детето“.
Конференцијата предвидено е да ја отворат заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска - Мустафа, претседателот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ Драги Змијанац и претставникот на Граѓанската иницијатива за воведување заедничко родителство по разодот Наум Рибароски.
Конференцијата е во организација на Народниот правобранител, Граѓанската иницијатива за воведување заедничко и одговорно родителство по развод и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, а поддржана од Националниот демократски институт (НДИ).
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
