Конференција за подобра бизнис регулатива

Во рамки на Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива денеска ќе се одржи конференција на тема „Актуелни предизвици на бизнис заедницата од областа на законската регулатива“.
На конференцијата ќе се обратат американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, директорот на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал Љубомир Димовски, а ќе учествуваат претставници од приватниот сектор и владините институции.
Тие ќе разговараат за наодите кои се резултат од 17 одржани информативни сесии, на кои присуствуваа над 500 учесници и споделуваа информации за оние предизвици од бизнис регулативата со кои се соочуваат секојдневно.
Фокусот на информативните сесии е ставен на четири различни области - животна средина, работни односи и колективни договори, царинскиот закон и даноци и даночна постапка.
Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива е четиригодишен проект, со буџет од 1.9 милиони американски долари. Проектот цели кон адресирање на предизвиците од областа на бизнис регулативата, како и кон намалување на постојаните притисоци со кои се соочуваат микро, малите и средните претпријатија при усогласувањето со премногу сложените законски прописи.
Ново на Сител
-

Одбележан 5 мај – Ден на македонскиот јазик
-

Филипче и Мицкоски различно гледаат на економската состојба во државата
-

Внимавајте: Лажни пораки за наводен сообраќаен прекршок се испраќаат од странски број
-

Породилно од 9 на 12 месеци – има ли простор за ваква мерка?
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
-

Денот на македонскиот јазик одбележан и во Собранието
