-->
-->
Комплетирано 25-коло во Првата македонска кошаркарска лига
-->

Во кошаркарскиот шампионат на Македонија, односно Првата машка лига, комплетирано е 25-то коло.
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром на гостувањето во Гевгелија кај Кожув славеше победа со 61-54. Аеродромци веќе го имаа обезбедено првото место и пласманот во полуфиналето.
А, за второто место кое носи директен пласман во полуфиналето ќе се борат три екипи. Карпош Соколи засега има една победа повеќе во однос на конкурентите Фени Индустри и Куманово.
„Соколите“ синоќа очекувано и убедливо го победија последно пласираниот Бест со 86-48.
Победи занележаа и Куманово на гостувањето кај Струмица до 80-70 и Фени Индустри кој со 108-93 го совлада Работнички.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 23-2 (победи-порази), Карпош Соколи 18-7, Фени Индустри 17-8, Куманово 17-8, Кожув 11-14, Работнички 10-15, Струмица со 4-21, Бест 0-25.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
