Комисијата за избори и именувања денеска предлогага нов член на ДКСК

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, а на дневен ред на седницата се повеќе други точки.
Прворангирана на листата за нов член на ДКСК со најмногу бодови, според документот објавен на веб страната на Собранието, е Катерина Зајковска со 90, 67 бодови, а Комисијата за селекција оценила дека врз основа на дадените одговори кандидатката има големо искуство во борбата за спречување на корупцијата и судирот на интереси и има јасна визија за работата на ДКСК и план за нејзината работа.
Дала одлични одговори за поставените општи и посебни прашања. Зад неа е Милка Муратовска, а зад неа се Тања Левајковиќ и Владимир Клековски.
На огласот за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца се пријавени кандидатите Невена Петровска, Димитар Каракулев, Наташа Георгиева, Зоран Киткањ, Елена Георгиевска и Елена Мујоска Трпевска.
Ќе се менуваат и членовите на комисиите на барање на ЗНАМ, одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието.
На дневен ред е и Предлог - одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, на Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември” и на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски”.
МИА
Ново на Сител
-

Отпуштања на 14 отсто од админстрацијата како мерка за штедење на Нов Зеланд
-

Рускиот претседател Путин во официјална посета на Кина
-

Петмина убиени во пукотница во џамија во Сан Диего, двајца од мртвите се осомничени извршители на нападот
-

Скопје домаќин на Форумот на стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион
-

Руските сили пресретнале и уништиле 315 украински дрона, трет дрон уништен пред Москва
-

Хавана ја нарече „неморална и криминална“ американската политика на блокада на Куба
-

Најмногу дожд во Охрид, најстудено на Попова Шапка
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
