Колку вреди вашиот стан, куќа? Катастарот ќе води евиденција на проценките на имотот

Иста куќа еден проценител ја проценил на 80, друг на 60 илјади евра. Агенцијата за катастар на недвижности започна проект чија цел е да се дојде до реалната вредност на недвижностите.
Со комората на проценители склучи меморандум за соработка со кој проценките кои се прават по сите основи, не само за купопродажба, туку и за хипотеки, проценки на друштва и слично, ќе се депонираат во катастарот и ќе можат да се користат за натамошни процени.
– Правиме една голема транспарентност и на тој тип на податоци со цел истите да бидат достапни како за професионалната јавноста, така и за граѓаните. Со цел проценките да бидат реални. Да не се случи да дојдат двајца проценители за една иста недвижност и да имаат проценки со големи разлики, вели Славе Трпевски, директор на Агенцијата за катастар.
До овој момент 50 проценители имаат потпишано договор со агенцијата за катастар на недвижности и веќе ги користат податоците. Проценките кои ќе ги депонираат во катастарот ќе помогнат за првата масовна проценка на недвижностите во земјав која треба да се направи за две години. Со неа секоја недвижснот ќе добие пазарна цена, која и редовно ќе се менува, зависно од пазарот.
– Целта е да имаме транспарентен пазар и реални цени на недвижностите. Бидејќи денес кога се случуваат трансакциите, кога ќе се спореди цената напишана во договорот за купопродажба и онаа цена која е оданочена од општините, гледаме дека се појавуваат разлики во цената што ја навеле двете договорни страни и оданочената вредност. Една од целите на масовната проценка е таа, да прикажуваат реално пазарните цени кои постојат на пазарот, вели Трпевски.
Во моментов професионалните корисници, но и граѓаните можат да видат по која цена се продаваат поединечните недвижности во земјава преку регистарот на цени кој работи од март.
Економски.мк
Ново на Сител
-

Голем пожар крај Омиш: 36 лица повредени, 7 во животна опасност
-

Облачно со сончеви периоди, на места услови за краткотрајно невреме
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
