Која жена според вас е мајка на детето? Одговорот не е лесен, а открива многу за вас

На илустрацијата се две жени кои седат една спроти друга. Во средина е дете кое си игра безгрижно на подот.
Внимателно погледнете ја сликата и обидете да се одговорите без многу анализирање, туку интуитивно, која од двете жени е мајка на детето.
Вашиот одговор открива многу за вас.
Жената од десната страна
Овој одговор го одбрале 70 проценти од луѓето кои го решавале тестот.
Според тврдењата на порталот „Dazzling“ кој го направил тестот, вашиот избор покажува дека сте насочени кон уметноста, но ретко ги користите своите таленти и способности.
Како дете ве привлекувало се што имало врска со уметност, сте уживале во својот имагинарен свет и во него сте посетувале места кои постоеле само во вашата глава.
Добри сте во слушање на луѓето околу себе, им давате поддршка и знаете да ги утешите кога тоа име потребно.
Многу сте одговорни, одлично се снаоѓате во проблематични ситуации и ќе направите се за да му помогнете на некој. Луѓето знаат дека може да се потпрат на вас.
Многу сте забавни, па голем број од луѓето во вашето опкружување сакаат да бидат во ваше друштво. Во животот сте се труделе за се што имате постигнато.
Можеби ве имами уредниот изглед на оваа жена, но таа не е мајката на детето.
Жената од левата страна
Само 30 проценти од луѓето ја избрале оваа жена. Тие, велат составувачите на овој тест, добро процениле.
Детето, велат, во играта секогаш е свртено несвесно кон својата мајка бидејќи сака заштита. Исто така мајката секогаш ќе избере да седи спроти детето, а не зад неговиот грб, за да може да го гледа и да има контрола над ситуацијата.
Веројатно веќе сте забележале дека низ детството и школувањето редовно сте биле меѓу најактивните и први сте го имале одговорот на поставеното прашање. И во животот на возрасните сте продолжиле да се истакнувате.
Многу сте друштвени и со задоволство запознавате нови луѓе и посетувате нови места. Тоа ве прави посакувани и за спротивниот пол.
Но, кога нешто правите, вие никогаш не го барате полесниот пат, не брзате – сакате работата да ја завршите квалитетно.
Го цените пријателството, искрено се радувате на успесите на другите луѓе и многу добар родител сте со алтернативни методи на образување и воспитување на своите деца.
Многу сте оптимисти и не се замарате премногу со непријатни ситуации во животот бидејќи знаете дека тоа ќе помине и ќе дојде нов, подобар ден.
Ново на Сител
-

Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
-

Јаневска за случајот со Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет
-

Како општество, треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост, вели Јаневска
-

Тошковски: Злоупотребите на боледувањата треба да се стават под контрола, но со почитување на законите и човековите права
-

Утре во Скопје терестрична дезинсекција против ларви од комарци
-

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар
-

Тошковски: Запленети 680 килограми стебла канабис, одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата
-

680 килограми стебла канабис одземени од нелегална плантажа во струмичко
