-->
-->
Кои вработени земале К-15 во износ од 21.927 денари?
-->
Регрес за годишен одмор (К-15) плус празнични бонуси (дневници) вкупно во просек од 21.927 денари за само една година или колку една просечна нето плата, добиле вработените во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.Државниот завод за статистика објави публикација за годишните трошоци на работодавците кон работниците, а овој издаток отскокнува убедливо во овој сектор споредено со останатите гранки од економијата.
Овој сектор се издвојува во однос на другите и кога се споредува износот на 13-та плата кој е исплатен во 2017 година. Именоо, вработените во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација добиле во просек 27.159 денари на основ 13-та плата што ги става на 2-ро место веднаш по вработените во здравството.
По висината на К-15, следни се вработените во банките и осигурителните компании со 16.903 денари вкупно за регрес и празнични дневници.
Во секторот: информации и комуникации исплатени биле 11.982 денари на овој основ, а оние што се занимаваат со недвижнини добиле 11.510 денари. Вработените во секторот за водоснабдување добиле 11.368 денари, а на тие во образованието им биле исплатени 11.200 денари.
Работниците во индустријата вкупно од двете категории заедно земале само 8.670 денари, рударите добиле 10.816, градежниците 9.542, продавачите, дистрибутерите и останатите во трговијата – 10.317.
Докторите, медицинските сестри, болничарите и другите здравствени работници, заедно со социјалните во просек им било префрлено на сметка 9.478 денари по основ регрес и бонуси Здравствените работници земаат убедливо најголема 13-та плата со вкупна висина од 38.321 денари кај здравствените установи што ја исплаќаат.
Келнерите и хотелиерите добиле само 8.009 денари, администраторите примиле 6.205, а уметниците 7.431.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Соопштение на МВР на Србија по киднапирањето на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски
-

Ја граделе сo „пурпена“ која чинела 5 евра, наместо со панели кои не горат 40 минути и чинат 17 евра: Екс обвинителката Кадриу, за пожарот во модуларната во Тетово
-

Девет хотели во Охрид почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад
-

Српски медиуми: Даниел Кајмакоски киднапиран во Белград
-

Македонските тенисери пред тежок испит, Кипар има предност од 2:0
-

Трамп за 19 февруари го планира првиот состанок на Одборот за мир
-

Најмногу дожд во Маврови Анови, најстудено на Попова Шапка и Берово
-

„Вашингтон пост“ го објави повлекувањето на извршниот директор
