Коѕијас: Сакаме да станете дел од НАТО и ЕУ, но правилата мора да се почитуваат

Грција верува дека влегувањето на Западниот Балкан и посебно на Македонија во НАТО ќе биде добро за развојот на целиот регион, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас по средбата со неговиот македонски колега Никола Димитров.
- Што се однесува до НАТО постојат одлуките од Букурешт и со тие одлуки и нивното реализирање оваа земја ќе стане член на НАТО. Како сега ќе се реализираат тие одлуки на НАТО не зависи од нас, туку зависи од тие што треба да одлучат. Ние ја сакаме оваа мила наша северна земја и во НАТО и во ЕУ, но ќе треба сето тоа да се оствари врз основа на правилата на ЕУ и НАТО. Државата кај што се наоѓам денес има и европско лидерство, и европска Влада и европска перспектива, но елемент на европската перспектива е да се почитуваат одлуките и правилата, не е тоа мое прашање, изјави Коѕијас.
Ново на Сител
-

Облачно со локален дожд, на планините снег
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
