Коѕиас и Тилерсон разговарале и за Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас вчера во Вашингтон се сретна со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон со кого разговарале за повеќе прашања, меѓу кои и за стабилноста и безбедноста во нашиот регион.
Во изјавата по средбата, на новинарско прашање дали разговарале и за Скопје, Коѕиас одговара дека не зборувале посебно за Скопје, но оти кога ги објаснувал прашањата поврзани со стабилноста во регионот, Тилерсон се осврнал на нестабилноста која постои кај „северниот сосед на Грција“ и напорите да се стабилизира.
Новинарот потоа го прашува Коѕиас што било во фокусот на вниманието на американскиот државен секретар.
- Тој го фокусира неговото внимание на силите кои, според мое мислење, го дестабилизираат регионот, одговори Коѕиас.
На новинарско прашање кои се тие сили, шефот на грчката дипломатија му порачува „тоа да го земе како домашна задача“.
Ново на Сител
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
