-->
-->
Коџаман: Мора да го победиме Вардар
-->

Македонскиот првак Вардар на реваншот од баражот од Лигата Европа утре во Истанбул против Фенребахче ќе стартува со предност од 2:0 постигната на првиот дуел во четвртокот во Скопје. Во редовите на турската екипа истакнуваат дека се подготвени за новото искушение. Тренерот на Фенербахче Ајкут Коџаман на прес конференцијата истакна:
- Клучна работа е што мораме да влеземе во фазата од групите од Лига Европа. Поразот е тежок, иако доминиравме во играта во Скопје. Голот кој го примивме на крајот беше голема грешка. Утре мораме да се бориме до крај. Имаме нови 9-10 играчи, тоа е проблем кој треба да го надминеме, изјави Коџаман.
Натпреварот меѓу Фенербахче и Вардар ќе се игра на стадионот „Шукру Сарачоглу“, а турскиот тим се очекува да има максимална поддршка од трибините од околку 50.000 навивачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
-

Преглед на вестите од светот
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
-

Прес конференција на министерот за здравство
