-->
-->
Клинтон со поголема шанса за победа од Трамп
-->

Кандидатот за номинација на Демократите за претседател на САД Хилари Клинтон има поголема шанса да стане претседател на државата отколку нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп, но во текот на изминатата недела се намали разликата меѓу нив, покажуваат резултатите од онлајн политичката обложувалница „Предикт ит“.
Според најновите податоци, можноста за Клинтон да стане претседател изнесува 61 отсто, за разлика од пред седум дена кога изнесуваше 65 проценти, објави сајтот, масто каде обложувачите можат да се обложат на мали парични износи и да одговорат со „да" или „не" како одговор на предвидувањата на идните настани.
Веројатноста дека Трамп ќе победи на изборите на 8 ноември, сега е 40 отсто, наместо 34 проценти од минатата недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
