Џет-Сет
29. August 2016 - 15:32

Ќерката на татко: Како Жељко ја изненади Миа за роденденот

Мина Јоксимовиќ, ќерката на кантавторот Жељко Јоксимовиќ денеска го прославува својот 21. роденден.

Јоксимовиќ ќерката ја изненади со торта во своето музичко студио и призна дека времето му „пролетало“.

-Зарем веќе 21? Како вчера да беше. Среќен роденден! Горд татко - напиша пејачот.

Željko i Mina Joksimović

Ниту Мина не го криеше воодушевувањето.

-Она кога татко ти доаѓа со торта. Среќна сум што ги имам најпрекрасните и најдобрите луѓе околу себе!

Мина е ќерка на Желко од првиот брак, а од бракот со водителката Јована има двегодишен син Коста.