Ќе се мери квалитетот на воздухот и во Кисела Вода

Во општина Кисела Вода ќе почне да се мери загадувањето на воздухот. Општината планира годинава да набави два мобили мерачи, едниот за квалитетот на воздухот и другиот за бучавоста.
- Оваа набавка е велезена во буџетската програма за 2018 година и се надевам дека во поскоро време ќе ги завршиме сите технички работи што ни се потребни за да ги набавиме тие два апарата, вели градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски во интервју за МИА.
Посочува дека се контролираат големите индустриски капацитети лоцирани на територијата на општината и од страна Министерството за животна средина и просторно планирање и од страна на општинскиот инспектор.
Во Кисела Вода, како што истакнува, недостасуваат вработени во Секторот за инспекциски работи каде има 12 заедно со комуналните редари, а општината ги покрива и Сопиште, Студеничани и Зелениково. - Имаме, додава, само двајца градежни инспектори, еден за екологија и еден за домување.
Во делот на заштита на животната средина, истакнува дека од Министерството за животна средина и просторно планирање добиле информации дека се обезбедени средства и за чистење на малата депонија со линдан од Охис.
- Во Охис има уште многу хемикалии останати познати и непознати, треба да се исчистат. Јас имав средба со стечајниот управник каде што ми беше кажано дека во текот на годината треба да се исчисти за да се продаде, вели Темелковски
Ново на Сител
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
-

Иран негира дека целосно го блокирал Ормускиот теснец, затворен е само за американски и израелски бродови
-

МНРиНТ: Во недела почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток
